Ekipa
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ДАВОС (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, упати апел до сите актери за намалување на тензиите во Венецуела и за вложување секаков напор за спречување на насилство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујарич, кој учествува на 49. Светски економски форум во швајцарскиот град Давос, објави писмено соопштение во кое се наведува дека генералниот секретар на ОН, Гутереш, е загрижен од немирите и вестите за цивилните загуби за време на демонстрациите во Венецуела.
Дујарич пренесе дека Гутереш упатува апел за независно истражување на настаните во оваа земја.
Според Дујарич, Гутереш упатил апел до сите актери во ова критично време за намалување на тензиите во Венецуела и за вложување секаков напор за спречување на насилство, при што изјавил и дека треба целосно да се почитува владеењето на правото и човековите права.