Tufan Aktaş
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Обединетите нации (ОН) соопштија дека хуманитарната состојба во во покраината Тиграј, во Етиопија е крајно застрашувачка и многу брзо се влошува, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последниот извештај подготвен од Кабинетот на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA), се истакнува дека во регионот Тиграј, каде што беше спроведена воената операција против бунтовничкиот Народен ослободителен фронт „Тиграј“, поради бирократски пречки и небезбедно опкружување не може да се испорача хуманитарна помош.
Во извештајот се наведува дека хуманитарните работници кои се на терен соопштиле дека гладот во регионот се зголемува и дека има итна потреба од вода и здравствени материјали.
Меѓу другото во извештајот се нагласува дека продолжуваат да доаѓаат информации за злосторства како што се насилство врз цивили и киднапирања, присилно враќање на бегалци и сексуалните насилства.
Исто така се додава дека тие информации не можат да се потврдат поради ограничувањата на пристапот до различни делови во регионот.
„Иако поминаа три месеци од борбите во Тиграј, хуманитарната состојба низ целиот регион е крајно застрашувачка и продолжува брзо да се влошува“, се вели во извештајот.