Kübra Chohan
03 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот северозападен регион Африн неутрализирани се 2.434 терористи на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, се соопштува денес од Генералштабот на турската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на турската војска е соопштено дека е продолжена копнената и воздушна операција против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД- ЈПГ и ДЕАШ, и дека до сега се неутрализирани повеќе стотици терористички цели.
Северозападниот сириски регион Африн граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел од границата во облик на полумесечина од пред пет дена во потполност е под контрола на турските сили и Слободната војска на Сирија.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.