Recep Şakar
07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
МЕЛБУРН
Во јужниот дел на Австралија падна мал авион. Во несреќата животот го загубија 2 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави австралиската институција за информации, во северниот дел на сојузната држава Јужна Австралија, во подрачјето на градот Леи Крик, од засега непознати причини падна мал авион од типот Brumby 610.
Авионот паднал на околу 4,5 километри од аеродромот во Леи Крик, а во несреќата животот го загубиле пилотот Петер Геслер на 59-годишна возраст и 48-годишна жена, чиј идентитет засега не се соопштува.
Во веста се истакнува дека бизнисменот Геслер, кој е одгледувач на коњи во сојузната држава Квинсленд, заедно со починатата жена летал на приватна турнеја во руралните предели на Јужна Австралија.
Австралиското биро за безбедност во транспортот започна истрага во врска со несреќата.