Muhammet Nazım Taşcı
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ИСЛАМАБАД
Пакистан испрати протестна нота до администрацијата во Париз поради неодговорните изјави на францускиот претседател, Емануел Макрон, за исламот и навредливите карикатури, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Радио „Пакистан“, министерот за надворешни работи, Шах Махмуд Курејши, ги повикал Обединетите нации (ОН) да го земат предвид говорот на омраза кон исламот и да преземат мерки.
Наведувајќи дека постои гнев во светот за навредливите карикатури, Курејши истакна дека неодговорните изјави на Макрон истуриле бензин на огнот.
Курешји, нагласувајќи дека никој нема право да ги повреди чувствата на милиони муслимани под маската на слобода на говорот, истакна дека семето на омраза што се засадува денес ќе го поларизира општеството и ќе има сериозни последици.
Тој, исто така, додаде дека е дадена протестна нота до францускиот амбасадор во Исламабад, кој е повикан во Министерството за надворешни работи.
Во градовите Монпеље и Тулуз, во знак на сеќавање на наставникот кој минатата недела беше обезглавен, во квартот Конфланс-Сен-Онорин во близина на Париз, на ѕидовите на официјалните згради беа поставени навредливите карикатури на божјиот пратеник Мухамед од францускиот магазин за хумор „Шарли Ебдо“.
Макрон во својата изјава рече дека нема да престанат да ги објавуваат карикатурите за Мухамед.