Muhammet Nazım Taşcı
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Постојаниот претставник на Пакистан во Обединетите нации (ОН), Мунир Акрам, го повика Советот за безбедност на ОН итно да преземе мерки за заштита на децата во конфликтните зони, особено во Џаму и Кашмир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, Акрам во својот писмен повик посочува дека индиските безбедносни сили намерно за цел со пневматско оружје ги имале децата.
Посочувајќи дека над 300 невини Кашмирци, вклучувајќи жени и деца, ги загубиле своите животи во лажни судири и операции за пребарување, Акрам го повика Советот за безбедност на ОН итно да преземе мерки за заштита на децата во конфликтните зони, особено во Џаму и Кашмир.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во својот извештај на ОН насловен како „Децата и вооружениот конфликт“, истакнувајќи ја нивната загриженост за кршењето на човековите права во Џаму и Кашмир, вчера ја повика индиската Влада да престане со употреба на пневматското оружје против децата.
Во изјавата дадена преку твитер-профилот на пакистанското Министерство за надворешни работи, се наведува дека тие се задоволни од извештајот на ОН и дека се ценат напорите на Гутереш за документирање на кршењето на човековите права извршени од страна на Индија во Кашмир.