Ekipa
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ПАРИЗ (АA) - Јордански официјален претставник изјави дека мотор експлодирал пред канцеларијата на јорданскиот воен аташе на амбасадата на Јордан во Париз и оти засега не се знае дали некој е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдула Алолаимат, конзуларен службеник во јорданската амбасада, изјави дека експлозијата се случи денес наутро, пред канцеларијата на јорданскиот воен аташе во западниот дел на Париз.
Тој додаде дека нема информации за тоа дали некој е повреден и што ја предизвикало експлозијата.
Јорданските медиуми се повикаа на Министерството за надворешни работи на земјата, кое објави дека експлозијата предизвикала помала штета на автомобилите паркирани пред зградата.
Тие посочуваат дека амбасадорот на Јордан во Франција е безбеден.