Muhammed Boztepe
19 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористичката организација ПКК/ЈПГ со минофрлачи погоди училиште во село Џурн во Тел Абјад, при што смртно настрадаа тројца цивили, додека осум цивили се повредени, меѓу кои и деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на турското Министерство за одбрана, терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжува со провокациските напади во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, во чии рамки врши и бомбашки терористички напади.
Во ова соопштение се наведува дека ПКК/ЈПГ со минофрлачи погодил училиште во село Џурн кое се наоѓа во Тел Абјад.
Се вели дека во нападот, смртно настрадаа тројца цивили, додека осум цивили се повредени, меѓу кои и деца.