Mesut Zeyrek
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
КЕЛН (AA) - Во Франкфурт, Германија, поддржувачите на ПЈД/ПКК нападнаа уште една џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
При нападот врз џамијата „Ејуп Султан“, која е под покровителство на Турската исламска унија за верски прашања (DITIB), вратата од џамијата беше скршена, и на неа беше напишана заканувачка порака.
Нападот беше забележан од безбедносните камери на здружението на џамијата.
По нападот, управата на џамијата соопшти дека полицијата започнала истрага за инцидентот.
Два одделни напади беа извршени од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК на 20 и 21 јануари во Германија, во ДИТИБ Зелената џамија во сојузната покарина Северна Рајна-Вестфалија и џамијата ДИТИБ Ејуп Султан во покраината Саксонија во Лајпциг.
Сличен напад беше извршен пред два дена во џамијата поврзана со фондацијата „Гејлани“ во Ротердам, Холандија.