Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Подољак: Резултатите од состанокот во Истанбул доволни за средба на претседателско ниво

„Херојската борба на украинскиот народ покажува дека е потребен нов безбедносен формат за да не се повторат вакви војни“
Fuat Kabakcı,Behlül Çetinkaya
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
Подољак: Резултатите од состанокот во Истанбул доволни за средба на претседателско ниво

ИСТАНБУЛ (АА) - Михаил Подољак, советникот на Кабинетот на украинскиот претседател, по преговорите помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул, Турција, истакна дека резултатите од денешната средба се доволни за состанок на лидерско ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Подољак по завршувањето на преговорите во Истанбул рече дека како резултат на денешниот состанок дошле до ставките до кои и Русија и земјите гаранти можат да ги прифатат.

„Резултатите од денешниот состанок се доволни за средба на ниво на претседатели“, рече тој.

Подољак додаде дека активностите околу преместувањето на воените единици ќе бидат завршени по форматот предложен од украинската делегација во врска со хуманитарниот прекин на огнот и отворањето на коридорот.

Истакна дека на лидерите на двете земји им е потребна јасност во преговорите за да се договори евентуална средба.

Нагласи дека Украина херојски се бори на фронтот во војната што ја започна Русија и покажала дека постоечките безбедносни формати не функционираат.

„Затоа, врз основа на нашите предлози може да се воспостави нов безбедносен систем. Многу земји на крајот го прифаќаат тоа“, додаде Подољак.

Напомена дека руската делегација била конструктивна, но дека разговорите не напредувале лесно.

„Херојската борба на украинскиот народ покажува дека е потребен нов безбедносен формат за да не се повторат вакви војни“, рече тој.

Подољак, исто така, рече дека претседателот на Украина, Владимир Зеленски, тоа константно го говорел во своите обраќања до парламентите и претседателите на странските земји и дека е прв што направил чекор кон нов безбедносен систем.

„Сакаме светот тоа да го разбере. Сегашниот безбедносен систем мора да се промени“, рече Подољак.

Во Истанбул, Турција, заврши средбата на преговарачките делегации на Русија и Украина. Состанокот се одржа во претседателскиот кабинет во Долмабахче.

Неколку рунди преговори помеѓу Русија и Украина се одржаа во Белорусија досега, вклучително и видеоконференција на 14 март, но без постигнати конкретни резултати.

На 10 март, Турција беше домаќин на министрите за надворешни работи на Русија и Украина во Анталија, средба на највисоко ниво на двете земји од почетокот на војната на 24 февруари.


related_topics:
УкраинаРусијарезултати од состанокотПреговориПодољакИстанбул
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Село во украинскиот сепаратистички регион Луганск сведочи за војната

Село во украинскиот сепаратистички регион Луганск сведочи за војната

Следно

Украински Генералштаб: Русија продолжува да се повлекува од подрачјето на Киев и Чернихив

Украински Генералштаб: Русија продолжува да се повлекува од подрачјето на Киев и Чернихив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател леташе осум часа до Казахстан бидејќи не доби дозвола да влезе во турскиот воздушен простор

Германија бара ОН да преземат одговорност за деескалација на конфликтот со Иран

Армијата на РСМ ги демонстрираше своите капацитети на „БЛЕСОК 26“ пред државниот врв и претставниците на НАТО

ОН: Шведска ги прекрши правата на дете со попреченост од Албанија со депортации

Германскиот канцелар Мерц: САД немаат стратегија за излез од војната против Иран

Либанскиот претседател: Либан ги услови сите последователни преговори со Израел со прекин на огнот

Белгиските компании ја сметаат Турција за целосно интегрирана со Европа

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата приведе 15 лица во антитерористичка акција во Истанбул

Полицијата приведе 15 лица во антитерористичка акција во Истанбул

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Чавушоглу потврди дека Турција и Израел водат преговори за нормализација на односите

Чавушоглу потврди дека Турција и Израел водат преговори за нормализација на односите

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Едно лице загина во експлозија на истанбулскиот аеродром "Сабиха Ѓокчен"

Едно лице загина во експлозија на истанбулскиот аеродром "Сабиха Ѓокчен"

Ердоган: Русија прави пропагандно шоу и тоа е поголема срамота

Ердоган: Русија прави пропагандно шоу и тоа е поголема срамота