Ekip
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
АЛЖИР
Политичка партија во Алжир повика на кривично гонење на Франција пред меѓународните судови за злосторства извршени во Алжир за време на 132-годишното колонијално владеење, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението по повод 60-годишнината од масакрот што француската полиција го изврши врз мирните алжирски демонстранти во Париз во 1961 година, кои бараа независност за својата земја, Движењето за општество и мир рече: „Оддавање почест на мачениците бара меѓународна тужба на Франција“.
На 17 октомври 1961 година, над 300 мирни алжирски демонстранти беа убиени од француската полиција, а многумина беа фрлени во реката Сена.
Злосторствата на Франција вклучуваат масакр врз речиси 4.000 муслимански верници за време на колонијализмот, во период од 1830 до 1962 година.
Верниците беа убиени додека организирале седница во османлиската џамија наречена Кечауа во обид да го спречат нејзиното претворање во црква.
„Франција нѐ колонизираше 132 години, период во кој имаше грозоморни злосторства што не можат да се избришат со фини зборови“, рече алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун во телевизиско интервју минатата недела.
„Има семејства и племиња кои се целосно избришани, како што е Заатча (југоисточно од Алжир), па дури и доенчињата не беа поштедени“, истакна Тебун и додаде: „Тие во Кечауа убија 4.000 верници кои беа опколени со топови и истребени.“