Mehmet Yılmaz
18 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
ВАРШАВА
Убиецот на 16-годишниот Јакуп Кизилташ, кој беше избоден до смрт во неговото училиште во Полска, осуден е на казна затвор од 25 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Амбасадата на Турција во Варшава, судот Емил Б. кој го уби Кизилташ во 2019 година го осуди на затворска казна од 25 години.
На судското рочиште што се одржа во главниот град Варшава, заедно со претставниците на амбасадата, присуствуваа таткото на Кизилташ и семејството на обвинетиот.
Во обвинението се наведува дека обвинетиот не бил зависник од дрога и дека делото го сторил намерно.
Меѓу другото во обвинението се додава дека нема никаква друга причина за намалување на казната, освен прифаќањето од страна на Емил Б. дека го сторил злосторството и неговото извинување од таткото на Јакуп Кизилташ.
Бидејќи е под 18 години, судот донесе одлука обвинетиот да биде затворен во траење од 25 години, што е највисока казна според полскиот закон. Исто така Емил Б. на таткото на Кизилташ ќе треба да му плати оштета од 23.000 евра, а на неговиот брат оштета од 12.000 евра.
Одлучено е да се продолжи привремениот притвор на обвинетиот се до финализирање на пресудата од Апелацискиот суд.