Emel Gözellik
09 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
КАРАЧИ
Најмалку 57 лица загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови кои веќе три дена го зафатија Пакистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи на Пакистан се нагласува дека како резултат на поплавите 19 лица загинаа во североисточната покраина Хајбер Пахтунва, 12 лица во Синдх, 8 лица во Pencap и 10 лица во Глигит-Балитисан.
Според вестите на локалните медиуми, најмалку 8 лица загинаа во поплавите во Белуџистан.
Поради поројните дождови, голем број домови се оштетени во Синдх и Белуџистан.
Надлежните метеоролошки лица истакнаа дека дождовите се очекува да продолжат и оваа недела.