Zehra Ulucak
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ТОКИО (АА) - Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од поројните дождови по настанатиот тајфун кој ја погоди Јапонија, се искачи на 16 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинскатa агенција Кјодо, тајфунот Нанмадол кој во вторникот го погодил југузападниот дел на земјата, предизвика врнежи од дожд. Шеснаесет лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови, додека 15 лица се водат како исчезнати.
Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошихиде Суга истакна дека досега се спасени 1.022 лица во спасувачките операции.
Суга пренесе дека продолжуваат спасувачките операции за спасување на жителите кои се заглавени во местата до каде не може да се пристапи поради катастрофата.
Метеоролошката агенција на Јапонија упати предупредување до народот да бидат претпазливи од можни свлечишта и други катастрофи.
Суга вчера соопшти дека 12.000 војници и спасувачи се мобилизирани за спасување на лицата кои се заглавени во далечните села. Претходно беше соопштено дека поради поплавите и свлечишта оштетени се голем број куќи, патишта, и оризови тераси.
Според владините податоци, 2.200 лица биле сместувани во засолништа во градовите Фукуока и Оита.