AP
08 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Летот на Air France од Сан Франциско кон Париз, по одредени анонимни закани, е пренасочен кон Монтреал каде и слетал, а патниците безбедно се симнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на француската компанија утринава, се наведува дека екипажот на летот 83 одлучила да го смени правецот на летање, што е окарактеризирано како мерка на претпазливост, и слета во Монтреал по полноќ.
Канадските власти го проверуваат авионот, патниците и багажот, а истрагата ќе утврди што е извор на заканата. Air France нагласи дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за нивните патници безбедно да стигнат на своите одредишта.
Во Франција и понатаму владее вонредна состојба, која е прогласена по терористичките напади на 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 лица.