Gorana Jakovljevic
28 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
МАДРИД
Шпанија прогласи 13 покраини за подрачја на катастрофа поради пожарите што во изминатите денови ја зафатија оваа земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Прогласувањето на покраините за подрачја на катастрофа им дава право да добијат од централната власт финансиски надомест поради големите загуби во земјоделскиот сектор и шумите.
Мануел Дел Ваље Хименес, градоначалникот на Соталбо, изјави дека жртвите на пожарите ќе добијат надомест за сè што загубиле.
„Добро е што прогласија подрачје на катастрофа. Во спротивно ќе бевме изгубени“, додаде Хименес.
Локалните власти соопштија дека минатонеделниот пожар бил најголем од 1984 година досега, а изгореа 23.000 хектари земјоделско земјиште и шуми.