Gülşen Topçu
05 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
НУАКШОТ
Во морските води на Мавританија потона брод при што животот го загубија 57 нерегулирани мигранти, а успеано е да се спасат 74 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на мавританската власт соопштија дека бродот кој се движел кон шпанскиот брег потонал на 25 километри од градот Нуадибу, сместен на северниот дел на Мавританија. По несреќата пронајдени се телата на 57 загинати нерегулирани мигранти, а спасени се 74.
Спасените нерегулирани мигранти се однесени во центрите за згрижување, каде што им е дадена потребната лекарска помош и храна.
Мавританија е една од главните рути што африканските нерегулирани мигранти ги користат за да преминат во Европа.