Ahmet Furkan Mercan
25 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
ТОКИО (АА) - Потона карго брод со екипаж од 22 лица на отворено море наспроти јапонската префектура Нагасаки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Јапонската официјална новинска агенција „Кјодо“, бродот тежок 6.551 тон кој потона на отворено море кај Нагасаки, пловел под знамето на Хонгконг.
Според соопштеното, спасени се 4 од вкупните 22 лица кои биле членови на екипажот на бродот.
Четиринаесет од членовите на екипажот се државјани на Кина, додека 8 се државјани на Мјанмар.
Јапонската служба за крајбрежна безбедност соопшти дека продолжуваат операциите за спасување на останатите членови на екипажот.