Ekipa
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Палестинецот, кој беше ранет пред неколку дена на демонстрациите долж границата на Газа од страна на израелските војници, почина утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека Палестинецот Сари ал Шаубки починал во болница во Источен Ерусалим (Кудс).
Палестинците, од 30 март, на Денот на земјата, на границата меѓу Израел и Појасот Газа организираат „Голем марш за враќање“. Израелските војници, од другата страна, користат боева муниција против цивилното население кое „бара враќање на територијата од кое е протерано и укинување на опсадата на Газа воведена во 2006 година“.
За време на израелските интервенции, на демонстрациите се убиени повеќе од 135 Палестинци, а неколку илјади лица се повредени. Меѓу убиените Палестинци се и двајца претставници на медиумите и двајца медицински работници.