Muhammed Shekh Yusuf,Safiye Karabacak
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Прекинот на огнот во Сирија, кој стапи на сила на 27-ми февруари до денес е повреден 312 пати, според извештаите на Опсерваторијата за човекови права во Сирија (СНХР), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека и на деветтиот ден, прекинот на огнот е повреден 23 пати. Режимските сили извршија девет напади во Латакија, на периферијата на Дамаск, Хомс и Дера во коишто загинаа двајца членови на опозицијата.
СНХР претходно изјави дека во текот на првата недела, прекинот на огнот е повреден 216 пати, и дека загинале 75 цивили. Прекинот на огнот овозможи и непречена испорака на хуманитарна помош за областите кои се под окупација и до кои беше невозможно да се дојде.
Прекинот на огнот во Сирија е дел од серијата дипломатските напори за ставање крај на граѓанската војна во таа земја, која трае веќе пет години. Војната во Сирија започна пролетта 2011 година, кога се судрија режимските сили на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците кои сакаа Асад да го симнат од власт.
Според најновите податоци од страна на ОН, објавени пред неколку месеци, во војната во Сирија, која започна во 2011 година, досега загинаа повеќе од 250.000 лица.