Ekipa
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
АЛ БАБ (АА) – Слободната сириска армија (ССА) која е поддржана од страна на Турските воопужени сили (ТСК), го ослободија градчето Ал Баб, кое се наоѓа во северниот дел на Сирија, и целосно ја отстранија заканата на ДЕАШ од Турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Градчето Баб кој се наоѓа во североисточниот дел на Алепо, од месец јануари 2014 година беше под контрола на терористичката организација ДЕАШ.
ТСК и ССА, земајќи го градот под своја контрола, успеа да го натера ДЕАШ да се повлече 30-35 километри од турската граница.
И со тоа територијата на Турција близу границата со Сирија остана надвор од ракетниот опсег на ДЕАШ.

- „Терористичкиот коридор“ на ПКК доби удар -
Терористичкаа група ПЈД/ПКК требаше да го заземе Ал Баб за да ги спои освоените територии на западен Еуфрат кои ги има под своја контрола со неговиот источниот дел.
Ослободувањето на Баб, ја спречи ПКК да се претвори во поголема закана за Турција.
- Се приближува до целта за формирање безбедна зона -
Еден од целите на операцијата „Штитот на Еуфрат“ која се спроведува за да се исчисти границата на Турција од терористичките закани, е да се формира зона во Северна Сирија во која сиријците би живееле безбедно.
„Спроведуваме работи за една безбедна зона. Во источниот дел се наоѓа Џараблус, во западот Ел Раи (Чобанбеј). Решено е прашањето за Дабик на југот. Ал Баб е во процес на решавање. Во другите процеси ќе се решаваат и прашањата за Мунбич и Ракка во истокот“, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во својата изјава минатата недела.
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24. август минатата година против терористичките организации во подрачјето меѓу Азез и Џарабулус, во декември минатата година ТСК и ССА своите операции ги насочија кон градот Ал Баб.
Елементите на „Штитот на Еуфрат“, наместо брзо да влезат во центарот на градот, избраа да го скршат отпорот на терористите опколувајќи го градот. Целта на ваквиот пристап беше да нема цивилни жртви.
Од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ до денес се ослободени над 1.900 квадратни километри територија од терористичките организации.
Во рамките на операцијата, навлезено е 35 километри во длабочина од границата на Турција кон Сирија.