Muhammed Ali Akman
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
БЕЈРУТ (АА) - Претседателот на Либан, Мишел Аун, даде изјава во којашто наведува дека се сомневаат оти во притвор во Саудиска Арабија се наоѓа премиерот на Либан, Саад Харири, кој поднесе оставка пред десетина дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Од службата за односи со јавноста на претседателот Аун објавено е писмено известување во коешто се наведува: „Изминаа 12 дена од оставката на премиерот Харири, и нема никаква причина тој да не се врати во земјата. Поради тоа, се сомневаме дека присилно е приведен и е задржан во притвор. Приведувањето на Харири го сфаќаме како непријателски акт врз Либан“.
Премиерот на Либан, Харири, на 4. ноември во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави дека поднесува оставка.