Lokman İlhan
01 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
БОГОТА (АА) - Перу е средиште на длабока политичка криза која се огледа во спротивните потези на претседателот на државата, Мартин Вискара, и Конгресот, во кој мнозинство има опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Кризата ја предизвика именувањето на новиот судија на Уставниот суд, Гонсало Ортис, кој е прв братучед на претседателот на Конгресот, Педро Олачеа.
Претседателот на Перу, Вискара, поради тоа го распушти Парламентот и најави предвремени избори, а Конгресот ја продолжи седницата и изгласа отповикување на претседателот.
Заменик-претседателката на Перу, Мерседес Араос, потоа положи заклетва пред Конгресот како привремена претседателка на земјата.
Вооружените сили на Перу застанаа на страната на претседателот Вискара.
Од Кабинетот на Вискара е соопштено дека командантите на копнените, воздухопловните и поморските сили на земјата, како и највисоките официјални претставници на полицијата го посетиле Вискара и му дале поддршка во „трилерот“ кој на политичката сцена на Перу се случуваше во изминатите 24 часа.