Ekip
02 Јуни 2023•Ажурирај: 03 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес ќе го претстави новиот кабинет, информираше шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, известува Анадолу.
Алтун во разговор за телевизискиот канал „ТВ 24“ рече дека Ердоган истиот ден ќе положи и заклетва во турскиот Парламент.
„По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабирот, мавзолејот на Ататурк“, рече Алтун.
Алтун информираше и дека претседателот Ердоган ќе приреди вечера за шефовите на држави што ќе присуствуваат на неговата инаугурација.
Тој додаде дека Ердоган ќе го претстави и својот нов кабинет во вечерните часови.
Шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије ги обвини компаниите на социјалните медиуми дека зазеле страна за време на изборите во Туркије, истакнувајќи дека Твитер „им служи на политичките интереси на САД“.