Tayfun Salcı
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската кралица Елизабета Втора соопшти дека војводата од Единбург, принцот Филип ќе се повлече од кралските должности, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Бакингемската палата се наведува дека принцот Филип донел одлука од есента да не учествува во јавните настани.
Освен што ја придружуваше својата сопруга, кралицата Елизабета Втора на официјални церемонии и настани, принцот Филип учествуваше на различни настани како мецена, претседател или член на околу 780 хуманитарни организации и фондации.
Според соопштението од кралската палата, принцот Филип нема да ги прифаќа поканите за нови посети и активности, но по сопствена желба одвреме-навреме ќе учествува на различни настани.
Филип е роден во 1921 година, а во 1947 година се ожени за кралицата Елизабета Втора.
Тој во 2013 година беше однесен во болница поради влошување на здравствената состојба, а по 11-дневно лекување беше отпуштен од болницата.