Mohamad Misto,Burak Karacaoğlu
24 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА / ИДЛИБ (АА) - Вчера загинаа 38 цивили во воздушни напади врз Источна Гута, подрачје кое режимот на Асад го држи под блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од новинарот на АА кој се наоѓа на теренот, вчера во нападите врз населените места во подрачјето на Источна Гута животот го загубија 38 цивили, од кои 15 во Дума, 5 во Шифонија, 5 во Абаде, 3 во Кефер Батна, 2 во Ајн Терма, 2 во Земелка, 2 во Хамурије, 1 во Хареста Сакба, 1 во Медјере и 1 во Мерџ.
Пораду продолжувањето на насилничките напади, се стравува од зголемување на бројот на загинати.
Според информациите добиени од центарот на цивилната заштита на Источна Гута, бројот на загинати во нападите на силите на режимот во последните 5 дена изнесува 357 лица.

Цел на нападите на режимот во последните 5 дена беа 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили. Со договорот во Астана минатата година, Источна Гута беше прогласена за зона на деескалација на конфликти. И покрај тоа, режимот на Асад од април минатата година ги интензивираше нападите, а во последниве месеци нападите се сѐ понасилни. Кризата во регионот секојдневно се продлабочува, а илјадници болни цивили чекаат да бидат евакуирани. Поголемиот дел од овие болни се деца или болни од рак во напредна фаза. Голем број деца во Источна Гута починаа од глад и недостаток на лекови.