Fatma Esma Arslan
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
ДАКАР (АА) – Во Нигер се одржа протест против присуството на француските војници во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На демонстрациите организирани од невладината организација „М62“ во главниот град Нијамеј, активистите маршираа од плоштадот Тумо до Националното собрание.
Истовремено протестирајќи и за трошоците за живот, демонстрантите извикуваа слогани против француската армија стационирана во земјата.
На демонстрациите, на кои беа истакнати транспаренти со натписот „Француска војска оди си“, вниманието го привлече носењето руски знамиња.
„М62“ е основан на 3 август, на 62-годишнината од независноста на Нигер, со цел заштита на достоинството и независноста на народот на Нигер.
Франција ја заврши операцијата „Бархан“ што ја спроведуваше во Мали од 2013 година, а дел од француските војници се стационираа во Нигер.
Иако распоредувањето на Французите во земјата се случи со дозвола на администрацијата на Нијамеј, жителите на Нигер се противат на француското присуство во нивната земја.