Abdelrahman Fathy Ramadan Mohamed,Hamdi Yıldız
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ
Илјадници израелски демонстранти извршија протести во различни градови барајќи оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници демонстранти носеа факели и транспаренти за време на протестите во Ерусалим (Кудс9, Тел Авив и Кајсарије, при што извикуваа пароли против Нетанјаху.
Демонстрантите од израелскиот премиер бараа да поднесе оставка.
Според веста на медиумот „Кан“, група демонстранти кои се собрале пред куќата на Нетанјаху во Ерусалим, извикувале пароли против Нетанјаху поради неуспехот во борбата против пандемијата на Ковид-19.
Меѓу другото, во веста објавена на интернет страницата на весникот „Yedioth Ahronoth“ се нагласува дека израелската полиција приведе 13 демонстранти.
Исто така, демонстрантите кои се собраа во различни мостови и зони во Тел Авив, ги затворија патиштата за сообраќај, упатувајќи апел до Нетанјаху за оставка.
Во градот Кајсарије кој се наоѓа во северниот дел на земјата, демонстрантите се собраа пред куќата на Нетанјаху, додека носеа транспаренти со напис „Дојдовме за да се спасиме од мрак“.
Израелците веќе околу 25 недели непрекинати секоја сабота одржуваат протести на улици, барајќи оставка од Нетанјаху си образложение дека владата лошо ја менаџирал кризата предизвикана од Ковид-19.