Elena Teslova
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ја повлече Москва во Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според документот објавен на веб-страницата на Кремљ, одлуката е донесена поради „кршењето на условите од Договорот“ од страна на Вашингтон.
Отстапувањето од Договорот ќе биде во сила сѐ „додека трае кршењето на Договорот од страна на САД, или до прекин на договорот“, се вели во соопштението.
Во последните неколку децении светот е сведок на разорувањето на меѓународната правна основа за разоружување.
Во октомври 2001 година, американскиот претседател Џорџ Буш објави еднострано повлекување на Вашингтон од Договорот за антибалистички проектили, кој се смета за столб на меѓународната безбедност.
Во октомври 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп најави напуштање на Договорот за нуклеарно вооружување од среден домет (INF).
Како одговор на тоа, Путин на 2 февруари соопшти дека Москва прекинува со своите обврски од договорот, кој беше правно комплетиран со неговиот потпис.
Договорот се смета за камен-темелник на европската безбедност во периодот по Студената војна, по неговото потпишување од страна на САД и Русија во 1987 година. Со Договорот им се забранува на двете земји да поседуваат и тестираат проектили за лансирање од земја со домет од 900 - 5.500 километри.
Пролонгирањето на последниот „столб“, Договорот СТАРТ, во моментот е под знак прашалник, бидејќи САД го поврзуваат со Договорот за нуклеарно вооружување од среден домет (INF).