Ekip
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
ТУГЕГАРАО (АА) - Најмалку 12 лица загинаа од ударот на тајфунот Мангкхут на Филипини, потврдија официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој наведе дека најголем број смртно настрадани има во северниот дел, каде што дошло до појава на голем број свлечишта. Меѓу настраданите во покраината Нова Вискајa има и дете. На тоа подрачје две лица се водат за исчезнати. Постои загриженост дека бројот на настрадани може да се зголеми.
Тајфунот што го зафати северниот дел на Филипини, проследен е со поројни дождови и силен ветар, кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија.
Од Националниот совет за намалување на ризици и управување со кризни ситуации (NDRRMC), претходно е соопштено дека во свлечишта загинале две лица, вработени во канцеларијата за итни ситуации, а едно девојче се удавило во реката Марикина.
Националниот совет за намалување на ризици и управување со кризни ситуации соопшти дека на подрачјето Кордилера се случиле 40 свлечишта.
Од тајфунот се погодени повеќе од 5 милиони лица, а повеќе од 640.000 се евакуирани на сигурни подрачја. Откажани се и голем број летови на тоа подрачје. На подрачјето на градот Багуио исчезнаа 6 лица.