Gizem Nisa Çebi Demir
08 Април 2026•Ажурирај: 08 Април 2026
Негативниот став кон Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху е сѐ поголем, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, јавува Анадолу.
Анкетата на истражувачкиот центар „Пју“, спроведена во период од 23 до 29 март меѓу 3.507 возрасни лица во САД, покажа дека рекордни 60 проценти од анкетираните го смениле своето мислење, изразувајќи незадоволство кон Израел, што е зголемување за речиси 20 отсто повеќе од 2022 година, кога процентот на незадоволство бил 53 отсто.
Во меѓувреме, 59 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат малку или воопшто немаат доверба дека Нетанјаху „ќе ја донесе вистинската одлука во поглед на светските прашања“, што претставува зголемување од седум процентни поени во споредба со минатата година.
Негативната перцепција особено е изразена меѓу Американците на возраст под 50 години во двете политички партии. Дури осум од десет демократи изјавиле негативен став кон Израел, додека кај републиканците на возраст од 18 до 49 години, 57 отсто од анкетираните сега веќе гледаат негативно на Израел, што претставува пораст во споредба со минатогодишните 50 отсто.
Довербата во Нетанјаху, исто така, бележи пад кај политичките и религиозните групи.
Меѓу демократите, 76 отсто изразиле мала доверба или недоверба, додека републиканците се поделени, односно 45 отсто изразиле доверба, а 44 отсто недоверба. Кај Американците муслимани дури 91 отсто се изјасниле за мала доверба или недоверба во Нетанјаху, меѓу кои 74 отсто од нив со апсолутна недоверба.
Анкетата, исто така, покажува дека 55 отсто од Американци немаат доверба во американскиот претседател Доналд Трамп во однос на донесувањето правилни одлуки за односите меѓу САД и Израел. Сепак, републиканците остануваат во голема мера поддржувачи, при што 73 отсто изразиле доверба, во споредба со само 16 отсто од демократите.
Повеќе од половина од Американците, односно 53 отсто, изјавиле дека конфликтот меѓу Израел и Хамас е лично важен за нив, додека дури 77 отсто го изјавиле тоа за воените дејства на САД против Иран, се наведува во анкетата.