Ethem Emre Özcan
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АНКАРА
Режимот на Башар Асад тврди дека Израел извршил воздушни напади врз некои точки во провинцијата Деир ез-Зор, во источна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција на режимот на Асад, „САНА“, во веста која е базирана на воени извори истакнува дека Израел во 01:10 часот по локално време извршил воздушни напади врз центарот на Деир ез-Зор и во областа Елбу Кемал.
Во веста во која нема информации за загуба на животи или оштетен имот, се истакнува: „Се проверуваат последиците од нападот“.
Од Израел сѐ уште нема соопштение за ова прашање.
Во центарот на градот Деир ез-Зор, во областа Елбу Кемал која се наоѓа на границата со Ирак, покрај Армијата на режимот, присутни се Иранската револуционерна гарда и странските терористички групи под нивна команда.
Режимот на Асад тврдеше дека Израел извршил воздушни напади јужно од Дамаск на 7 јануари и во регионот Наби Абел на 30 декември 2020 година.
Израелската Армија на 18 ноември 2020 година соопшти дека реализирал воздушен напад против воените цели на режимот на Асад и Силите „Кудс“ поврзани со Армијата на Иранската револуционерна гарда во Сирија.
Од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, Израел одвреме-навреме напаѓа групи и воени пунктови, поддржани од Иран и воени пунктови кои припаѓаат на режимот.
- Присуството на режимот и групите поддржани од Иран во Деир ез-Зор
Деир ез-Зор, кој се наоѓа на сириско-ирачката граница, е градот што обезбедува копнена врска од Иран до Либан. Исто така, низ овој град минуваат и цевководи и трговски патишта од Ирак и Јордан.
Центарот, западниот и некои области од источниот дел на Деир ез-Зор, по повлекувањето на ДЕАШ во 2017 година, со помош на групи поддржани од Иран и Русија се наоѓаат под контролата на режимот на Асад.
Во Деир ез-Зор најмногу ги има странските терористички групи поддржани од Иран, кои станаа копнена моќ на режимот.
Групите поддржани од Иран во Деир ез-Зор обезбедуваат образование засновано врз секта, а исто така организираат културни активности.
Териториите на Деир ез-Зор, кои се наоѓаат источно од реката Еуфрат, се окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, поддржана од САД.