Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ХАМА (АА) – Воен авион на сириската армија изврши напад со хемиско оружје во градот Хама, во населената област Акирбат, западна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори до кои дојде АА, армиски авион изврши напад со хлор врз населено место во областа Акирбат, кој е под контрола на ДЕАШ, на истокот на Хама.
Се дознава дека во нападот, 40 лица меѓу кои и деца го загубија животот, а околу 200 лица се разбегале во околината поради влијанието на хлорот.
Погодените од хемиското оружје се хоспитализирани во блиските болници.
Режимот на Асад на 21 август 2013 организираше напад со хемиско оружје во регионот Источна Гута во Дамаск, и притоа животот го загубија над 1.400 лица, а повеќе од 10 илјади цивили, меѓу кои жени и деца беа повредени.