Soner Kılınç
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
АФРИН (АА) - СОНЕР КИЛИНЧ -
Екипата на Anadolu Agency (AA) ги сними големите јами и тунели ископани од страна на терористите на ридот Сакаркаја кој има стратешка важност и е ослободен од терористичките елементи во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ која се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТСК).
Операцијата „Маслинова гранка“ успешно продолжува во Африн, северозападна Сирија, откако започна на 20 јануари со цел осигурување на безбедноста и стабилнсота на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористите.
Големите јами и тунели се изградени од страна на припадниците на терористичката организација на стратешки значајниот рид Сакаркаја, со надморска височина од 800 метри, на 6 февруари е ослободен од терористите во рамките на операцијата.
Откриено е дека терористите со цел да се заштитат од нападите на воените авиони и артилериските напади, ископале јами на овој рид кој се наоѓа помеѓу планините Бурсеја и Дармак, длабоки околу 5 метри во кои изградиле тунели со дебели бетонски ѕидови.
Во рамките на операцијата уништени се дел од тунелите, и запленети се голем број средства за секојдневен живот. Исто така, уништени се тешките машинерии користени за градење на тунелите од страна на терористите.
Безбедносните извори велат дека јамите и тунелите биле подготвени со воена стратегија, и дека голем број терористи биле неутрализирани во ова подрачје.
- Тунелите се набљудуваат од воздух -
Се истакнува дека завршиле работите за пребарување на експлозиви во тунелите формирани за одбранбени цели на ридот Сакаркаја од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.
Од друга страна, турските војници 24 часа го набљудуваат подрачјето со воздушното летало произведено од страна на АСЕЛСАН, „Серче“ (Врабец), кој може да обезбеди снимки и ноќе.
Безбедносните извори истакнаа дека дел од тунелите се протегаат кон границата со Турција, и дека терористите имале за цел преку овие тунели да се инфилтрираат во земјата.