Elena Teslova
26 Јуни 2024•Ажурирај: 27 Јуни 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот енергетски гигант Гаспром денес објави дека потпишал стратегиски меморандум за испорака на гас за Иран, јавува Анадолу.
Прес-службата на компанијата соопшти дека меморандумот е потпишан со Националната иранска компанија за гас за време на посетата на руската делегација предводена од шефот на Гаспром, Алексеј Милер.
„Со Националната иранска гасна компанија (НИГК) беше потпишан стратегиски меморандум за изработка на организацијата на гасоводот за испорака на руски природен гас во Иран“, се наведува во соопштението.
За време на посетата на Техеран, Алексеј Милер се сретна со министерот за нафта на Иран, Џавад Оуџи, при што разговараа за приоритетните чекори за спроведување на меморандумот и за други области на соработка во енергетскиот сектор.