Hasan Özkal
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
АЛЕПО (АА) - Русија истрела балистичка ракета од сирискиот град Латакија, која падна на празен простор во местото Азeз, недалеку од градот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од локални извори, руски авиони синоќа бомбардирале конвој со хуманитарна помош во Азeз, при што загинале две а ранети се 10 лица. По бомбардирањето, кон истото подрачје истрелана е и балистичка ракета.
Се претпоставува дека ракетата е истрелана од брод на руската флота во Средоземното Море, недалеку од сирискиот град Латакија. Ракетата паднала на празен простор, недалеку од Алепо, а ја пронашла Ослободителната војска на Сирија (FSA).
Портпаролот на ФСА во Азез, Зекерија Каршли за АА рече дека е востановиле дека ракетата која паднала во овој регион ѝ припаѓа на руската војска.
Тој рече дека Русите настојуваат да го оневозможат доставувањето на хуманитарната помош на опозиционите групи во и околу Алепо, а која доаѓа од Турција.
„Во синоќешниот напад погодени се повеќе камиони. Денес пронајдовме балистичка ракета. Русија, која во Сирија дојде ,наводно' да се бори против ДАЕШ, како мета ги зема опозицијата и цивилите. Цел свет мора да сфати дека борбата на Русија против ДАЕШ стои само на хартија”, рече Каршли.