Dmitri Chirciu
31 Декември 2023•Ажурирај: 01 Јануари 2024
МОСКВА (АА) - Руското министерство за надворешни работи објави дека Велика Британија и САД се вмешани во организацијата на украинскиот напад на рускиот град Белгород, известува Анадолу.
Според последните информации, во нападот загинале најмалку 20 лица, а 111 се повредени.
Руското министерството соопшти дека киевската администрација извршила „злосторство“.
„Во организацијата на овој терористички напад беа вклучени британски и американски советници кои редовно ја поттикнуваат украинската власт на крвави злосторства. За овој напад одговорни се и земјите на Европската унија (ЕУ) кои тврдоглаво и неодговорно ѝ испорачуваа оружје на украинската администрација. Организаторите и извршителите на овие и други казнени дела ќе бидат казнети во согласност со законот“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека за нападот ќе се дискутира во Советот за безбедност на ОН и се повикуваат сите земји да го осудат нападот.
Регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков, извести дека украинската војска вчера започнала напад на градот Белгород.