Büşra Selvi Öğütcen
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
САН ХОЗЕ
Во напад во црква во американската сојузна држава Калифорнија, во кој е користено ладно оружје, загинаа две лица, а неколку се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на округот Сан Хозе, Сем Ликардо, на Твитер напиша дека нападот со нож е извршен во црква во Сан Хозе.
Ликардо наведе дека загинале две лица, а дека неколку лица претрпеле тешки повреди.
Тој соопшти дека е приведено едно лице, но подоцна го избриша постот.
Во соопштението на полицијата во Сан Хозе се наведува дека е интервенирано во баптистичка црква.
Се наведува дека одредени повредни лица се во животна опасност, и дека во моментот на нападот немало верски обреди, туку во црквата се наоѓале само бездомници кои се засолниле од студот.