Tufan Aktaş
05 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
АДИС АБЕБА (АА) – Командата на САД во Африка (AFRICOM) соопшти дека загинале двајца цивили при воздушниот напад во Сомалија минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од AFRICOM се истакнува дека во април 2018 година, утврдено е дека двајца цивили ги загубиле своите животи во воздушниот напад на Еш-Шебаб во областа Ел-Бур.
Тоа е откриено откако минатата недела до нив биле доставени извештаите од внатрешната ревизија, подготвени по нападот.
„За жал претходно наодите не биле соодветно пријавени во центарот на AFRICOM“, стои во извештајот.
Во соопштението се наведува дека горенаведените цивилни жртви не биле вклучени во извештајот под наслов „Тајната војна на САД во Сомалија“, објавен минатиот месец од Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“.
Во извештајот на „Амнести интернешнел“ се истакнува дека од октомври 2017 до декември 2018 година, во 5-те воздушни напади на САД во Сомалија, животот го загубиле 14 цивили. Армијата на САД ги отфрли наводите.
AFRICOM во Сомалија во 2019 година реализираше 28 воздушни напади, во 2018 година 47, а во 2017 година организираше 35 воздушни напади.