Safvan Allahverdi
08 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Белиот националист, Ричард Спенсер, и неговите приврзаници вчера се собраа во Шарлотсвил, за првпат по нападот на нео-нацистите на демонстрантите во месец август, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици бели националисти ја обиколија статуата на Роберт Е. Ли држејќи факели и извикувајќи: „Вие нема да нѐ замените!“.
Генералот Ли беше врховен генерал на конфедерацијата во граѓанската војна во Америка, а повиците за отстранување на симболите на конфедерацијата од јавниот простор се зголемија по серијата насилни напади поврзани со белите супремацисти.
„Ние сме тука да ги застапуваме интересите на 'белата' Америка“, извикуваа гласно. „Русија е наш пријател“ и „Југот повторно ќе се крене“.
Статуата на Ли е покриена со црно платно уште од демонстрациите на стотиците бели националисти на 11 август, и убиството на демонстрант на 12 август.
"Ние ќе го направиме тоа повторно", напиша Спенсер на својот Твитер профил по собирот. "Дојдовме, поттикнавме и заминавмe"
Сепак, градоначалникот на Шарлотсвил, Мајк Сингер, рече дека ќе преземе правни мерки за да спречи уште еден собир поттикнат од омраза во паркот.
„Друга подла посета од нео-нацистичките кукавици“, напиша градоначалникот на својот Твитер. „Вие не сте добредојдени тука! Одете си дома! Во меѓувреме ги разгледуваме сите наши правни опции. Бидете во тек“.
Во демонстрациите, кои се сметаат за најголемите од таков вид во последната деценија, стотици бели националисти и неонацисти, пред помалку од два месеци, се собраа на протести во Шарлотсвил, во кои загина едно лице а над 30 беа повредени.