Gülşen Topçu,Ali Semerci
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
БАГДАД (АА) - Муктада ел Садр, лидерот на движењето Садр, упати повик до премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, да преземе мерки со цел да ги реши безбедносните слабости на Керкук, јавува Anadolu Agency (AA).
Садр на оваа тема напиша писмено соопштение во кое вели: „Керкук е жртва на корупцијата и националниот конфликт", додавајќи дека ако Владата нешто стори, тогаш треба да дозволат тие да интервенираат".
„Провинциите на југот се соочуваат со корупција и сиромаштија. Провинциите од централниот дел на земјата се исцрпени од судирите и корупцијата. Провинциите Дијала, Керкук, Анбар, Саладин и Мосул се жртви на секташтво и корупција. Слушнете, разберете, и пред да биде доцна, поправете ја ситуацијата“, истакна Садр.
Синоќа на различни локации од ирачкиот град Керкук се случија 6 последователни бомбашки напади во кои животот го загубија 4 лица, а 15 се ранети.
Терористичката организација ДЕАШ, почнувајќи од 2014 година, презеде една третина од територијата на Ирак, меѓу која се наоѓа и Мосул. Ирачките безбедносни сили, во декември 2017 година, вратија назад голем дел од споменатите територии.
Колку и да е на минимум намалена заканата од ДЕАШ во центрите на градовите, терористичката организација продолжува со своите акции во руралните предели.