Riyaz ul Khaliq
29 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ОСАКА (AA) - Повикувајќи се на слободна и праведна трговија, заедничката изјава на учесниците на Самитот Г-20 го изостави спомнувањето на трговскиот протекционизам на слободниот пазар, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тежнееме кон остварувње на слободно, чесно, недискриминаторско, транспарентно, предвидливо и стабилно трговско и инвестициско опкружување за нашите пазари да останат отворени“, ја цитира заедничката изјава јапонската новинска агенција „Кјодо“ (Kyodo).
Признавајќи ги големите разлики во глобалната економија во која државите членки на Г-20 учествуваат со 85 отсто, лидерите на Г-20 повторно потврдија дека ќе ги користат „сите инструменти на политиката“ за остварување на одржлив, урамнотежен и инклузивен раст, без ветување дека ќе се борат против протекционизмот.
На глобалниот пазар дојде до интензивен раст помеѓу двете водечки светски економии - САД и Кина, кои една кон друга ги зголемија царините на увозот на стоките. Меѓутоа, Вашингон и Пекинг се согласија во поскора иднина повторно да ги започнат преговорите за трговските договори.
Во соопштението се наведува дека „трговските и геополитичките тензии се интензивирале“.
„Меѓународната трговија и инвестициите се важни мотори на растот, продуктивноста, иновациите, отворањето на работните места и развојот“, рекоа лидерите на Г-20.
САД се единствена држава членка на Г-20 која не се согласува со Парискиот климатски договор. Сите преостанати 19 членки, вклучувајќи ја Турција и ЕУ, ветија дека ќе работат на полно спроведување на Договорот за климатските промени, кој е постигнат во Париз во 2015 година. Меѓутоа, САД се повлекоа од Договорот, откако Трамп дошол на власт.
Вашингтон во текот на Самитот Г-20 во Осака ја повтори својата позиција дека се повлекува од Договорот.
Самитот Г-20 е форум на владите и централните банки на 20-те водечки економии во светот, кои ја вклучуваат Европската Унија и 19 земји - Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.