Ömer Tuğrul Çam
09 Ноември 2022•Ажурирај: 10 Ноември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Самитот на НАТО наредната година ќе се одржи во Литванија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Самитот на претседателите на држави и влади на земјите членки на НАТО ќе се одржи на 11-12 јули 2023 година во главниот град на Литванија, Вилнус.
Столтенберг нагласи дека од Студената војна досега, НАТО се соочува со најсложената и најнепредвидливата безбедносна средина.
Тој рече дека Самитот во Вилнус ќе понуди можност за тоа лидерите на земјите членки на НАТО да направат нови чекори во насока на зајакнување на одбраната.
Според него, на овој Самит ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци, како и за продолжување на поддршката за Украина.
Столтенберг нагласи дека трансатлантската врска меѓу Северна Америка и Европа е важна за безбедноста на една милијарда луѓе кои живеат во земјите членки на НАТО.
Последниот Самит на НАТО се одржа на 28-30 јуни 2022 година во главниот град на Шпанија, Мадрид.