?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Адвокатите на поранешниот француски претседател Николас Саркози, побарале од државниот суд да ги отфрли доказите за прислушкуваните разговори на Саркози со неговиот главен адвокат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за еден од неколкуте случаеви кои се водат против Саркози, кои по оцена на многумина најмногу може да ѝ наштетат на неговата политичка кариера.
Според пишувањето на француските медиуми, поранешниот претседател би можел повторно да претендира за таа позиција на изборите следната година.
Тој моментално е под истрага врз основа на обвинението за корупција врз база на информации, односно телефонски разговори снимани помеѓу 2013 и 2014 година. Адвокатите на Саркози тврдат дека станува збор за разговори „клиент-адвокат” и дека тие како такви не може да ѝ служат на истрагата.
Судот, од друга страна, тврди дека објавувањето на разговорите не е во спротивност со ниту еден закон, на што Саркози поднесе жалба.
Истрагата против Саркози е започната во 2014 година. Тоа е прв пат во модерната француска историја еден поранешен претседател на држава да биде задржан во притвор поради испитување и да биде покрената формална истрага.