Adem Şalvarcıoğlu
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Како резултат на рушење брана во југоисточниот дел на Лаос, животот го загубија голем број лица, додека стотици други се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Лаос“, браната за хидроцентрала која се наоѓа во покраината Атапи во Лаос се срушила од засега непознати причини.
Како резултат на рушење на оваа брана, шест села во овој регион останаа под вода, додека голем број лица смртно настрадаа, а стотици се водат како исчезнати.
На местото на настанот се упатени тимови за пребарување и спасување.
Премиерот на оваа земја, Тонглун Сисулит, ги одложи состаноците во својот кабинет и се упати кон ова подрачје.
Локалните власти упатија апел за итна помош од храна и медицински материјали за жителите во регионот.