Ethem Emre Özcan
10 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
ЛАТАКИЈА
Веќе три дена траат шумските пожари кои избија во провинциите Латакија, Тартус и Хомс, што се под контрола на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шумските пожари кои во претходните денови избија во руралните подрачја на провинциите Латакија, Тартус и Хомс, а се наоѓаат во крајбрежниот дел на Сирија, се проширија под влијание на ветерот. И понатаму екипите се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.
Иако се забележува дека пожарникарите поврзани со режимот недоволно реагираат на пожарите, локалното население исто така е вклучено во гасењето на пожарите.
Според локални извори, во пожарот се оштетени бројни полиња со маслинки и овоштарници и друго земјоделско земјиште.
Од една болница се евакуирани и пациентите бидејќи оганот се приближил до објектот. Од вчера во пожарите смртно настрадаа најмалку две лица.
Многу населби се евакуирани поради доближувањето на пожарите, за чиешто настанување сè уште не е позната причината.