Ekipa
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја соопшти дека вчера извела тестирање на нов тип „средно далекусежен“ балистички проектил кој може да носи тешка нуклеарна боева глава, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за ракета којашто наводно лета повеќе и подолго во однос на сите други претходно тестирани.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун вети нови нуклеарни и ракетни проби и предупреди дека севернокорејското оружје може да го погоди американското копно и пацифичкиот брег.
САД го сметаат вчерашното тестирање како последица на паранојата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, по неодамнешните претседателски избори во Јужна Кореја.
ЕУ го нарече лансирањето на проектилите како закана за мирот и меѓународната безбедност, но не се споменати нови санкции против Пјонгјанг, додека Белата куќа проценува дека новата провокација е повик за воведување построги санкции. За администрацијата на Трамп, несфатлива е и пасивната реакција на Русија.
Северна Кореја вчера рано изутрина, од регионот Kусонг истрела балистички проектил којшто летал 800 километри, а јапонските воени експерти сметаат дека ова е нова балистичка ракета со досег до 4.000 километри.