Ayşe Doğru
07 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
АНКАРА
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, за првпат по пет години реализира посета на зона погодена од поројните дождови во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на КЦНА (KCNA), Ким оствари посета на еден град во покраината Северно Хвангае каде што се случија поплави поради поројните дождови.
Како последица на поплавите, 730 домови и земјиште од 600 хектари во подрачјето на Унпа останаа под вода, додека најмалку 179 објекти се оштетени.
Според јужнокорејските медиуми, Ким последен пат во септември 2015 година оствари посета на поплавена зона.
Економијата на Северна Кореја уште повеќе е влошена поради Ковид-19.
Поради пандемијата, Пјонгјанг беше принуден да ја затвори границата со Кина со која е најголем трговски сојузник.
Летните дождови предизвикуваат тешки штети во Северна Кореја поради недостиг на инфраструктура.