Emre Aytekin
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун истакна дека земјата се наоѓа во тешка ситуација поради меѓународните санкции, карантинот поради епидемијата на Ковид-19 и економските тешкотии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на севернокорејската новинска агенција КЦНА (KCNA), Ким во говорот на состанокот на „секретарите на ќелиите“ на Корејската работничка партија која управува со земјата, рече дека земјата „се соочува со многу предизвици“ и „минува низ невидено тешки услови“.
Ким ги замоли секретарите на ќелиите одговорни за активностите на работничките групи од 5 до 30 лица, кои ја претставуваат основната организација на партијата, да придонесат за подигнување на животниот стандард на луѓето во оваа „најтешка ситуација“.
- Ким до СЗО пријавил дека Ковид-19 не е регистриран во земјата -
Во најновиот извештај испратен до Светската здравствена организација (СЗО), администрацијата на Пјонгјанг тврди дека не се забележани случаи на Ковид-19 во земјата.
Претставникот на СЗО на Северна Кореја, Едвин Салвадор, истакна дека во извештајот што Северна Кореја ја испратила до организацијата, се наведува дека до 1 април биле тестирани 23.121 лице од почетокот на епидемијата и дека сите резултати биле негативни.
Според ова тврдење, Северна Кореја е единствената земја во светот каде што досега не се регистрирани случаи на Ковид-19.