Nuri Aydın
29 Декември 2022•Ажурирај: 30 Декември 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Седум лица го загубија животот паѓајќи во канал во стампедо до кое дојде на собир организиран од политичка партија во сојузната држава Андра Прадеш, Индија, известува Агенција Анадолија (АА).
Настана стампедо на митингот што го организира партијата Телугу Десам, предводена од Нара Чандрабабу, поранешниот премиер на сојузната држава Андра Прадеш, во градот Нелоре кој се наоѓа во јужниот дел на оваа индиска сојузна држава.
Според информациите кои дописникот на АА ги доби од надлежните, седум лица го загубиле животот паѓајќи во канал откако биле истуркани од стампедото, а неколкумина се повредени.
На местото на несреќата биле испратени голем број екипи на Брзата помош и на повредените им била укажана лекарска помош.
Партијата Телугу Десам најави дека ќе им плати обештетување на семејствата на лицата кои ги загубија животите во инцидентот.